Текстилно- кожарска струка /Текстил, кожа и слични производи

Техничар за дизајн на облека и Техничар за изработка на облека – комбинирана паралелка со четиригодишно траење за кого се потребни 45 поени и Конфекционер со тригодишно траење за кого се потребни 30 поени при упис. Учениците запишани во овие профили/квалификации се вработуваат најбрзо бидејќи работодавачите се заинтересирани за нив уште пред завршувањето на школувањето на учениците. Учениците од трет во четврт степен можат многу лесно да го продолжат своето школување по вондреден или редовен пат во зависност од нивните желби.