Активности на текстилната струка во 2023/2024 година
КРЕАТИВЕН ДЕН Ученик-дизајнер-модел
Нашите ученици заедно со локалните дизајнери дизајнираат облека за познати дами од градот. Моделите се прикажуваат на модна ревија пред поширока публика од нашиот град. Првата модна ревија беше на тема „Коктел фустан“, а втората модна ревија на тема „Црно-бело“.
МОДНА РЕВИЈА „УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ“
Организирана од здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“, Струмица, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на децата со попреченост. Учениците се претставија како дизајнери на модел што го носеше девојче со попреченост.
ЕВРОПСКИ ДЕН НА ВОЛНАТА
За заштита на волната како природно влакно и вистинско богатство за текстилната индустрија, формирана е Европската фондација за волна EWE foundation (https://www.ewe.network/) и 9 Април прогласен е за Ден на волната.
Од вкупно три досега организирани европски денови на волната во изминатите години, текстилната струка учествуваше на два со своја видео презентација од изработки од волна.
Прв пат учествувавме со on-line презентација во Мадрид, Шпанија, додека вториот пат со физичко присуство во Златибор, Србија. Презентациите можат да се погледнат на You Tube каналот:
https://www.youtube.com/watch?v=af_vZ_N-aTs
https://www.youtube.com/watch?v=LS-_FrDiF5Y















