Графичка струка / Графичарство

Графички уредник-дизајнер/Графички техничар – комбинирана паралелка со четиригодишно траење за кого се потребни 45 поени при упис и Печатар/изработувач на визуелни апликации-комбинирана паралелка со тригодишно траење за која се потребни 30 поени при упис. Графичката струка има широка примена во современиот живот, се користи во сите области и наоѓа голема примена при дизајнирање на разни апликации во компјутерската техника. Учениците со завршен ваков вид на образование можат да се запишат скоро на било кој факултет. Профилот печатар со тригодишно траење работи по реформирани наставни планови и програми и школувањето може да се продолжи од трет во четврт степен со вертикална проодност по редовен или вондреден пат.

Каталог на креации на учениците од графичката струка
графички уредник-дизајнер
Креациите беа изложени на 15 мај во фојаето на Народниот театар Битола по повод патрониот празник и прославата на 40 годишнината на СОУ „Таки Даскало“. Одговорен наставник: Миле Атанасоски

Каталог на креации на учениците од графичката струка
графички уредник-дизајнер
Одговорен наставник: Миле Атанасоски