Креативност, инспирација и нова перспектива за тоа што значи да се биде моден дизајнер

Со гордост ја споделуваме атмосферата и фотографиите од работилницата што се одржа на 28.05.2025 во просториите на текстилната струка при нашето училиште со врвните македонски дизајнери Никола Евтимов и Ивана Кнез, кои им го доближија вистинското лице на модата на учениците од основните училишта Битола заедно со учениците од текстилната струка. Покажаа дека модниот дизајн е многу повеќе – идеја, концепт, комуникација, истражување, уметност, личен израз…
Атмосферата беше инспиративна, полна со креативна енергија и љубопитност. Учениците добија нов и поинаков поглед за модниот дизајн од луѓе кои со својата работа поставуваат стандарди и оставаат трага.
Благодарност до Никола и Ивана што ја направија модата жива, достапна и мотивиричка.
Голема благодарност и за досегашната соработка со наставниците по ликовна уметност Никола Петровски од ОУ “Коле Канински”, Весна Дунимагловска од ОУ “Даме Груев”, Славица Марковска од ОУ “Елпида Караманди”, Кристина Стојанова од ОУ “Гоце Делчев” и Анкица Стефановска од “Адамс Арт”.