Училишна сообраќајна единица

Училишната сообраќајна единица (УСЕ) е формирана на 19.11.1988 година со одлука на наставничкиот совет при ЦСНО „Таки Даскало„ Битола. Одговорен наставник од 1988 до 1990 година бил Борис Андоновски, oд 1990 до 1995 година бил Вен Нашоку, a oд 1995 до денес одговорен наставник e Гордана Кожуваровска.
Во неа учествуваат ученици од втора, трета и четврта година од сообраќајната струка и останатите струки, кои претходно мора да покажат добри резултати на тестирањето за сообраќајните правила и прописи. Членовите од сообраќајната единица можат да вршат регулирање на сообраќајот во присуство на полицаец. По исклучок, кога УСЕ обезбедува премин на ученици преку пешачки премин пред училиште, присуството на полицаец не е задолжително.
Учениците членови на сообраќајната единица во сообраќајот се должни да постапуваат според барањата на патролните полициски единици, потоа учествуваат при спроведување на превентивни едукативни работилници и манифестации, обезбедување на собири од секаков вид како и секаде каде што има потреба.
Членовите на училишна сообраќајна единица многу придонесуваат за подигнување на нивото на сообраќајната култура кај младите како и сузбивањето на негативните појави, алкохол, дрога и невниманието кои ја финансираат чудната игра каде влогот е животот а добивката е смртта.