Nordic-Baltic Story – кога модата станува мост кон иднината!

На 24.03.2026, во модното студио на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа работилницата „Nordic-Baltic Story“ која ги собра младите дизајнери од нашата текстилна насока со врвни модни креативци од Литванија, Финска, Данска, Норвешка, Шведска и Македонија. 👕🌍✂️
Работилницата беше организирана со поддршка на Кариерниот центар, а нашите ученици од текстилната насока ги предводеа нивните професорки – Ема Ќука, Живка Танушева Ицаноска и Анита Стефановска. 🎯🌟
Учениците од текстилната насока добија увид во градењето одржлив моден бренд – од проблемите во индустријата до одговорни решенија. 🍃♻️
🎯 Посебна чест ни претставуваше присуството на г-ѓа Вилма Дамбраускине, амбасадорка на Литванија во Македонија!