Уметнички актив
ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ И МУЗИКАТА
СОУ Таки Даскало е единствено училиште во Битола каде уметностите се изучуваат од разни аспекти во повеќе насоки и струки: гимназија (ликовна уметност, музичка уметност), архитектонски техничар (современа уметност и архитектура, историја на архитектура и уметност, ликовна уметност), техничар за моден дизајн (историја на уметност, естетика, костимографија, цртање и сликање, акт со пластична анатомија), хотелско-туристичка (културно-историско наследство).
Визуелните уметности и музиката во СОУ Таки Даскало ги реализира наставниот кадар што е дел од уметничкиот актив на училиштето: Љубица Мешкова Солак, м-р. Билјана Исијанин, Ема Ќука, Христиан Петковиќ и Влатко Симоновски.
Тргнувајќи од сознанието дека кај секоја млада индивидуа постои потреба за креација која во ова време на аудиовизуелни информации често се изразува преку визуелна или музичка креација, учениците се поттикнуваат да го истражуваат својот внатрешен свет и да се обидат да го материјализираат во облик на ликовна или музичка творба. Учениците се почитуваат како лица кои имаат потенцијална внатрешна убавина. Секој е различен и автентичен.
Работа на копија од дело на познатиот шпански модерен уметник Хуан Миро.
Ученици од прва година градежно-геодетска струка по предметот Ликовна уметност (учебна 2024/25).