Волонтерски клуб

Волонтирањето е животна филозофија, начин на мислење и однесување на младите и возрасните, тоа е ненасилен револуционерен процес во кој ги менуваме сопствените навики, вредности, култура на однесувања и придонесуваме за менување на сопственото блиско и пошироко опкружување. Волонтерите се личности кои сакаат да учат, работат со љубов, воља, интерес, за волонтерот платата не е најважна работа и тие се свесни дека е подобро да имаш искуство отколку само образование, тие се личности кои инвестираат во себе и во својата иднина.

Во периодот од 23-25 мај 2023 год. членовите на волонтерскиот клуб „Тереза Фердинанди Литовска“ при СОУ „Таки Даскало“ – Битола, во соработка со Младинскиот културен центар – Битола како граѓанска организација, ја реализираа волонтерската акција „Опстанок“. Во акцијата беа вклучени 50 волонтери од редовите на волонтерскиот клуб на училиштето, вработените во училиштето и претставници од граѓанскиот сектор во Битола. Основна цел на проектот „Опстанок“ беше да се обнови зеленилото и да се обезбедат услови за зачувување на истото во училишниот двор. За време на акцијата се засадија садници и се постави систем за наводнување „капка по капка“ како би обезбедиле услови за одржување на зеленилото во летниот период. Како дел од акцијата „Опстанок“ волонтерите ги разубавија жардинериите во дворот со исцртување и обојување и покажаа дека доколку цветовите се уништат цртежите ќе опстанат.

Проектот „Опстанок“ претставуваше дел од проектот „Време е за волонтирање“ кој е поддржан во рамките на „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија.

Во периодот од 30 јануари до јуни 2023 г. со цел за Јакнење на свеста за грижа за планетата Земја, волонтерскиот клуб во соработка со Пакомак – Скопје и Екопак – Битола ја реализираше акцијата „ Капачиња за шишиња – за посреќно детство“. Во ноември 2023 г. донирани се 13.5 kg капачиња. Акцијата продолжува. Градиме култура на однесување кон неуништливата пластика.

Во периодот од 23-30.10.2023 г. во соработка со Ротари клуб Битола Широк сокак организирана е хуманитарна акција по повод светскиот ден за борба против сиромаштијата. Во акцијата свој придонес дадоа учениците од паралелките III 3 и IV 9.

Кога започна летниот распуст, во периодот од 19 до 23 јуни 2023 г. волонтерите го осмислија своето слободно време на креативен начин. Во соработка со Локален волонтерски сервис – Битола МКЦ-Битола, во рамките на акцијата „Омразата на битолските ѕидови“, беа прекриени графити со негативна содржина на дел од ѕидовите од блок А.

Во периодот од 22-25.09.2023 г. во рамките на активностите на Фестивалот „Браќа Манаки“, 15 волонтери од I до IV год. имаа можност да се запознаат со тајните на кинематографијата низ работилници под наслов „Наследниците на Манаки“.

Во периодот од 28-30.09.2023 г. во Струга се одржа семинар „Од учење во училница до грижа за заедницата“ во организација на LEAD со цел за проширување на знаењата кај учесниците за изработка и фази на реализација на проектите во кои имаме примена на теоретските знаењa во практиката.

Во период од три месеци реализирани беа: работилница давање на идеи, креативни решенија за изгледот на ѕидовите, работилници за отстранување на стар малтер, грубо малтарење, фино малтарење, нанесување на подлога, скицирање, цртање, финализирање на цртежи и организиран завршен настан со доделување на сертификати

Во декември 2023, билингвалците од I 11 паралелка со класниот раководител Валентина Богојовска го посетија Саемот за волонтеризам организиран по седми пат од Американското Катче Битола. На овој саем, со кој се одбележува Меѓународниот ден на волонтеризмот, нашите ученици собраа многу информации во врска со активностите на голем број здруженија и невладини организации, како и за можностите што им се нудат за волонтирање.