Библиотека

„Кажи ми што читаш па ќе ти кажам кој си“ (François Mauriac)

Бегството низ полиците на нашата библиотеката започнува уште во далечната 1977 година кога е заведена првата книга. На 27.01.1984 год. со трансформација – здружување на гимназијата „Браќа Миладиновци“ и Училиште за занимање на ученици во стопанство „Кочо Рацин“ – Битола, библиотеката го добила денешниот изглед.
Најстарата книга во библиотеката е „Француска читанка“ од д-р Јулие Адамовиќ, издадена во Загреб, 1930 год.
За учениците и наставниот кадар вклучен во воспитно-образовниот процес, училишната библиотека при СОУ „Таки Даскало“ – Битола располага со: лектирни изданија, учебници, енциклопедии, списанија и лексикони, кои им се лесно достапни, под раководство на библиотекарката Мирјана Наумовска.
Училишната библиотека е на располагање секој работен ден од 08:00 до 19:00 часот и ги задоволува потребите на учениците и наставниците од сите сфери на интереси: уметничка и стручна литература.
Преглед на бројна состојба на книги во библиотеката:
Вкупен броја на наслови 10298
Вкупен број на книги 27342
Стручна литература:
вкупно 3238 наслови/ вкупно 5547 книги
Уметничка литература:
вкупно 7060 наслови/ вкупно 21956 книги

Библиотеката располага и со учебници за гимназиско и стручно образование.
Во рамките на училишната библиотека волонтира и библиотекарска секција која помага во работењето на библиотеката. Во нашата библиотека се одвиваат литературни читања, креативни работилници, литературни конкурси, книжевни средби со современи македонски писатели, организира посети на библиотеки и други институции, посета на Саемот на книгата, реставрирање на учебници и книги (во соработка со графичката струка) и сл.
Учениците имаат можност да читаат книги, да истражуваат, со што го прошируваат своето знаење во различни области. Воедно, библиотекарот активно учествува во организирање и реализирање на културни настани во училиштето.
Ако се разлистаат книгите, почнувајќи од најстарите изданија со избледен печат, па сѐ до денешните печатени изданија, се забележува целиот историски развој на нашето училиште СОУ „Таки Даскало“ – Битола.
Работејќи низ полиците на библиотеката се набројуваат повеќе библиотекари од самите почетоци на библиотеката па сѐ до денес, а тоа се: Весела Христовска, Марга Цокинска, Тони Соклевски, Владо Ѓоргиевски, Мирјана Наумовска и Ленче Х. Георгиева.

Библиотекар

Мирјана Наумовска