Гимназиско образование
Во гимназиско образование можат да се запишат кандидати кои имаат најмалку 60 поени. Наставните планови во гимназиско образование се поделени во три подрачја со по две комбинации и тоа: природно-математичко подрачје, општествено-хуманистичко, и јазично-уметничко подрачје. Во рамките на училиштето работиме по најсовремени планови и програми, стручни професори и просторни и опремени училници. Исто така обезбеден е простор за работа со талентирани и надарени ученици.
Билингвална паралелка, англиско – македонска
Потребни се 60 поени, функционира во рамките на гимназиско образование. Учениците кои ке се запишат во гимназија во билингвална паралелка, се здобиваат со повисок степен на знаења од англискиот јазик бидеки дел од наставата се реализира на англиски јазик и се за чекор понапред од другите ученици за овој јазик. Со оглед на тоа што англискиот јазик е светски јазик, можностите за упис после завршување на школувањето се неограничени на сите високообразовни институции во Македонија и во странство.
Изборни подрачја за гимназиско образование и за билингвална паралелка
- природно – математичко подрачје – комбинација А (ПМА)
-
природно – математичко подрачје – комбинација Б (ПМБ)
-
општествено – хуманистичко подрачје – комбинација А (ОХА)
-
општествено – хуманистичко подрачје – комбинација Б (ОХБ)
-
јазично – уметничко подрачје – комбинација А (ЈУА)
-
јазично – уметничко подрачје – комбинација Б (ЈУБ)
Наставни програми за изборните подрачја за гимназиско образование и за билингвална паралелка