Регионаленнатпревар по германски јазик

На 24.02.2026 година во Битола се одржа регионалниот натпревар по германски јазик за Пелагонискиот регион.Од СОУ Таки Даскало на натпреварот учествуваа две ученички од втора година: Антонија Стојаноска од II 11 и Климентина Костоска од II 10, под менторство на професорката Македонка Атанасоска.
Освен тоа професорката по германски јазик беше член на жири комисијата која ги оценуваше тестовите за основните училишта.
Горди сме на заедништвото и посветеноста. Продолжуваме со уште поголема мотивација.