Активности на гимназијалците во 2023/2024 година
Октомври:
– Билингвалната паралелка I 11 и Валентина Богојовска, професор по англиски јазик, реализираа серија работилници на тема “Food and food festivals”. Активностите беа реализирани во рамките на лекторската настава. Беа изработени десеттици постери, видео рецепти и интервјуа со готвачи на англиски јазик и презентирани од овие талентирани млади луѓе.
– Американското катче од Битола организираше прекрасен настан наречен “Discovering the U.S. through desserts” со д-р Лорејн Валас. Таа разговараше со билингвалците од I 11 за различните вкусови и десерти што се приготвуваат во САД. Им приготви неколку десерти во чии вкусови уживаа нашите ученици.
– Учениците имаа работилница на тема “My perception of Halloween”. Беа реализирани бројни активности што им овозможија да истражуваат и да се искажат во зависност од нивните интереси и таленти. Скицираа, снимаа видео содржини, гледаа документарен филм и читаа интересни факти за празникот.

Ноември:
– Американското катче Битола ги посети учениците од I 11 билингвална паралелка. Тие беа запознаени со работата на Американските катчиња, ресурсите, програмите и активностите. За време на посетата, покрај интерактивната сесија и дискусија, посетата продолжи и со забавни активности – играње друштвени игри!

Декември:
– 2023 ја крунисавме со прекрасен настан. Учениците од I 11 билингвална паралелка имаа огромна чест да бидат гости во Амбасадата на САД во Скопје. Заедно со професорките Валентина Богојовска и Марија Младеновска Димитровска разговараа со претставници од Амбасадата и се запознаа со нивните работни обврски. Им беа презентирани бројни образовани програми од Амбасадата на САД, за кои учениците покажаа огромен интерес. Понесоа прекрасни впечатоци од ова уникатно искуство, на задоволство на сите нас.

Јануари:
УЖИВАВМЕ ВО ЗИМСКИОТ РАСПУСТ!

Февруари:
– По повод Месецот на Афроамериканската историја, Американското катче во Битола организираше проекција на филмот “Hidden Figures“. Проекцијата на филмот беше проследена со дискусија со учениците од билингвалната паралелка I 11. Дискутираа за тимот на математичарки, афроамериканки, кои одиграле клучна улога во вселенската програма на НАСА.

Март:
– Учениците реализираа серија презентации на тема “Earth in superlatives”. Активностите беа реализирани во рамките на лекторската настава. Младите истражувачи научија многу интересни факти од областа на географијата: најмала држава на светот, најголема пештера, најдолга река, најдлабоко езеро… и сето тоа на англиски јазик! Билингвалци во вистинска смисла на зборот!

– Во соработка со Ивана Ангелковска, координатор на Американското Катче Битола, паралелката I 11 ја проследи обуката за медиумска писменост. Преку интересни презентации, видеа, примери и практични вежби распоредени во 5 сесии на платформата ZOOM, учениците стекнаа вештини за вреднување информации и препознавање дезинформации и пропаганда.

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПИШУВАЊЕ НА КНИЖЕВНО-УМЕТНИЧКИ ТЕКСТ
Во рамките на лекторските часови во билингвалната паралелка IV 11 под менторство на проф. Наташа Котевска беше остварена креативна работилница за пишување на книжевно уметнички текст – поезија.
Учениците покажаа неверојатен сплет на креативност на само неколку дена пред Нова година. Заљубените поети преплавени со милозвучни стихови ткаеја сонети и хартиени снегулки инспирирани од најдобриот „Shall I compare thee…“, на кои и самиот Шекспир би им позавидел. Тие уште еднаш се докажаа како експерти во создавање на креативен амбиент, совладување на техники на пишување на англиски јазик и меѓусебна соработка.