Трета награда на хакатонот “Кликни безбедно”

на првиот средношколски хакатон „Кликни Безбедно!“, организиран во рамките на проектот MKSafeNet, кој се одржа на 10 и 11.05.2025 на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, на теми сајбер безбедност, безбедно користење на интернет и унапредување на дигиталната писменост кај децата и младите.
Хакатонот беше поддржан и од Министерството за дигитална трансформација (МДТ).
На хакатонот учествуваа седум енергични и инспиративни тимови од средните училишта од целата држава, кои понудија иновативни и креативни едукативни дигитални решенија за побезбедно користење на интернетот. Под менторство на стручни лица и експерти, тимовите работеа со голема посветеност и ентузијазам, претставувајќи решенија од млади – за млади.
Во нашиот тим, TechnoMind, беа Михаела Петровска, Илина Автаровска, Маја Поповска и Матеа Пресилска ученички во II 11 клас, гимназија, билингвална паралелка, под менторство на професорката по Информатичка технологија, Гордана Јордева. Преку одлична тимска работа се созаде CyberCure – едукативна и технолошка иницијатива за борба против нелегални веб-страници кои дистрибуираат пиратска содржина, лажни информации и/или нелегални производи.
Михаела, Маја, Илина и и Матеа креираа и успешно тестираа дигитален pop-up карактер/маскота (алатка). Алатката работи тивко во позадина и штом ќе детектира пристап до нелегална и опасна веб страна, се појавува со предупредувача порака и го блокира пристапот до истата.
Гордост ни се!




























