Второ место на општинскиот натпревар во стрелање

На Општинскиот натпревар во стрелаштво, што се одржа на 04.11.2026 година, по повод Денот на ослободувањето на Битола, нашата ученичка Елена Груевска, од I5 паралелка, графичка струка, го освои второто место, додека нашето училиште СОУ “Таки Даскало” екипно, во женска конкуренција, исто така, го освои второто место, под менторство на професорот по спорт и спортски активности Кире Јагоридовски. Екипата на нашето училиште ја сочинуваа:
Елена Груевска I5
Димитра Петровска I5
Сара Бојовска I11
Стефан Кундевски II 3
Андреј Трпев II3
Лео Автаровски II 8
Дејан Дрнковски III 3
Честитки за нашите ученици.