Единствени и активни (Unity in Motion)
Партнери: Норвешка, Македонија, Италија, Португалија, Хрватска и Бугарија
Траење на проектот: 01.09.2024 – 31.08.2026 (2 години)
Координатор за Таки Даскало: Гордана Јордева
Главна цел на проектот е зголемување на благосостојбата на учениците на училиште. За таа цел ќе планираме, тестираме и спроведуваме, оценуваме и прилагодуваме планови за часови со физичка активност по училишни предмети. Ќе се фокусираме на употребата на дигитални алатки и технологија во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ја природата на секој предмет. Ќе ги поттикнуваме и традиционалните и помодерните активности.
Поддршката на наставниците, пак, ќе се овозможи со развивање на збирка на наставен материјал и планови за часови што може да се искористат за да се постигне инклузија и зголемено учење или подобри училишни резултати.
Партнерски училишта
1. СОУ “Таки Даскало”, Битола, Македонија
2. Trysil videregaaende skole, Трисил, Норвешка, координатор
3. I.I.S.S. “S. Trinchese”, Мартано, Италија
4. Agrupamento de Escolas de Nisa, Ниса, Португалија
5. Srednja skola Isidora Krsnjavoga, Нашице, Хрватска
6. Средно училиште “Христо Ботев”, Враца, Бугарија ![]()