Aктивност за учење, настава и обука во Враца, Бугарија
Од 28 април до 2 мај 2025 година во Враца, Бугарија, група наставници и ученици од СОУ Таки Даскало Битола учествуваа на т.н активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Единствени и активни“.
Домаќин на оваа активност беше партнерското училиште Средно училиште “Христо Ботев”, од Враца, Бугарија. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
На активноста присуствуваа и ученици и наставници од останатите партнерски училишта во проектот, I.I.S.S. “S. Trinchese” од Мартано, Италија, Agrupamento de Escolas de Nisa од Ниса, Португалија, Srednja skola Isidora Krsnjavoga од Нашице, Хрватска и Trysil videregaaende skole, од Трисил, Норвешка.
Тимот од СОУ Таки Даскало го сочинуваа ученичките Сара Топаловска, Марија Котевска, Илина Автаровска, Симона Макриевска, Јована Петровска, како и професорките по информатика Гордана Јордева и Тања Чагорска.
Главна цел на проектот е зголемување на благосостојбата на учениците на училиште преку часови со физичка активност по одредени училишни предмети. Тој се фокусира на употребата на дигитални алатки и технологија во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ја природата на секој предмет. Активноста во Бугарија беше фокусирана на математиката и физичките активности: предавања, работилници, експериментирање. Потоа стекнување на вештини и методи релевантни во изучувањето на математиката и воспоставување врски со физички активности за подобрување на вклученоста, интересот и концентрацијата за време на час. Преку различни спортски активности – аикидо, пинг-понг, бадминтон и други – се учеше англиски и се развиваа комуникациски вештини во реални ситуации. Училиштето домаќин за учениците организираше квизови и работилници на темата. Исто така беше организирана екскурзија во која се посети Софија, главниот град на Бугарија. 






























































































