Градежно – геодетска струка
Архитектонски техничар/Градежен техничар комбинирана паралелка – потребни се 45 поени. За овој вид профили има голема заинтересираност од учениците бидејќи двата профила се со четиригодишно траење и се нови. За овој вид профили заинтересираноста од страна на градежните фирми и работодавачи е многу голема и се чувствува недостиг од нив на пазарот на трудот, односно нема невработени градежни и архитектонски техничари.