Петти Европски ден на волната
Овој настан ќе се одржи на 6 април 2025 година во I Casali del Pino, органската фарма на Ilaria Venturi Fendi на периферијата на Рим.
Посебен фокус се става на волната и на нејзината употреба за подобрување на менталното здравје и благосостојбата на луѓето.
Текстилната струка од СОУ “Таки Даскало” ќе има свој претставник во Рим, проф. Анита Стефановска и ќе се претставиме со презентацијата “Sustainable Fashion: Denim + Wool”.
Петтиот Европски ден на волната ќе биде исполнет со многу демонстрации и практични работилници од љубители на волна од цела Европа, споделувајќи ги нивните искуства и најдобри практики погодни за деца и возрасни, вклучувајќи предење, филциње, плетење, ткаење и сликање со волна.
Анита Стефановска е национален преставник за Македонија во европската фондација за волна посакуваме успешна работа на нашата професорка.
Неколку фотографии од минатогодишниот, четврт Европски ден на волната, на кој исто така учествуваше професорката Анита Стефановска:



