Петти Европски ден на волната

Овој настан се одржа на 6 април 2025 година во I Casali del Pino, органската фарма на Ilaria Venturi Fendi на периферијата на Рим, Италија.
Вo настанот посебен фокус се стави на волната и на нејзината употреба за подобрување на менталното здравје и благосостојба на луѓето.
Текстилната струка од СОУ “Таки Даскало” имаше свој претставник во Рим, проф. Анита Стефановска и се претстави со презентацијата “Sustainable Fashion: Denim + Wool”.
Петтиот Европски ден на волната беше исполнет со многу демонстрации и практични работилници од љубители на волна од цела Европа кои ги споделија своите искуства и најдобри практики погодни за деца и возрасни, вклучувајќи предење, филциње, плетење, ткаење и сликање со волна.
Анита Стефановска е национален претставник за Македонија во Европската фондација за волна. 

Неколку фотографии од минатогодишниот, четврт Европски ден на волната, кој се одржа на 9.04.2024 година во Метцово, Грција, на кој исто така учествуваше професорката Анита Стефановска: