Едукативен час од училишната сообраќајна единица и графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола
Денес, во ПОУ „Коле Канински“ – Буково, Битола, Гордана Кожуваровска, наставник по сообраќајни стручни предмети, и Весна Мундишевска-Велјановска, наставник по графички стручни предмети, заедно со ученици од училишната сообраќајна единица и графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, реализираа едукативен час во I, II, III и V одд. под менторство на наставничките Катерина Каревска Димчевски и Ирена Мацевска. Едукативниот час беше на тема „Безбедност на децата во сообраќајот“, а активноста беше реализирана во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата чиј претседател е м-р Гордана Кожуваровска. На учениците им беше поделен и едукативно-рекламен материјал во чија изработка учествуваа ученици од трета и четврта година графичка струка.




