Конференции
УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИ КОНГРЕСИ, ФОРУМИ, КОНФЕРЕНЦИИ
Професорката по математика Биљана Стевановска, учествуваше на VII Македонски математички конгрес, што се одржа од 27 до 30 јуни 2023 година во Струга, во организација на Сојузот на математичари на Македонија.
На 26 и 27 октомври 2023 г. м-р Гордана Кожуваровска учествуваше на XII Меѓународна конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“ што се одржа во Бања Лука, Република Српска, со труд „Сообраќајни незгоди предизвикани од млади возачи“. 
Од 17 до 20 април 2024 год., во Златибор, Република Србија, се одржа 19-та меѓународна конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“ на која учествуваше м-р Гордана Кожуваровска, наставник по сообраќајни стручни предмети и претседател на РСБСП.
Психологот Марија Младеновска Димитровска, ќе учествува на Меѓународниот психолошки форум „Детето во дигиталниот свет“, што ќе се одржи во Москва, Руска Федерација, од 1 до 2 јуни 2024 година, во организација на Сојузниот научен центар за психолошки и интердисиплинарни истражувања во соработка со Факултетот за психологија при Државниот московски универзитет „Ломоносов“ и Руското психолошко друштво.