Ученичка заедница
ВРЕДНИ ВАУЧЕРИ ЗА МАТУРАНТИТЕ ОД СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“
Ротари клубот Битола „Широк Сокак“, заедно со МКЦ Битола, по повод Денот на добри дела, донираше вредни ваучери во вид на парична помош и ваучери за козметички производи, во вкупна вредност од над 100.000 денари, за матуранти од СОУ „Таки Даскало“.
– Убаво е да се прават добри дела и треба да се прават добри дела, секој ден. Ротари Клубот Битола Широк, заедно со МКЦ – Битола, преку донацијата го одбележаа денот на правење на добри дела. Заедно, направивме добро дело за дел од матурантите од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, беа обезбедени ваучери. Ова добро дело, ние како ротаријанци го посветуваме на нашиот хуманитарец и член Пецо Стојановски-Стентон, а компанијата „Стентон градбa“ е нашиот најголем поддржувач на денешниот настан – истакна проф. д-р Моника Марковска, претседател на Ротари клубот Битола „Широк Сокак“.
– Особено ни е мило што соработката меѓу нашето училиште и Ротари клубот Битола „Широк Сокак“ продолжува на обострано задоволство. Преку овој хуман гест беа израдувани неколкумина матуранти од нашето училиште, што ќе им биде мотив во иднина да го надградуваат своето знаење – истакна директорот Ристо Грујовски.