Музиката и Јазиците, рецитал по повод Европскиот ден на јазиците 2026
Со задоволство го споделуваме признанието за заедничкиот труд на учениците и професорите од Државното музичко училиште и СОУ Таки Даскало! ![]()
![]()
Нашето учество на одбележувањето на “Европскиот ден на јазиците 2026” со настанот „Музиката и јазиците“, одржан на 24 септември во Битола, е потврдено со сертификат доделен од страна на Европскиот центар за модерни јазици на Советот на Европа.
Голема благодарност до учениците за нивниот труд, ентузијазам и љубовта кон јазиците и музиката, како и до нашите професорки Елена Сотиров и Валентина Богојовска за посветеноста и поддршката.
Повеќе за настанот на следниов линк
