Четврто место за Ева во дисциплината шминка на Националниот натпревар во вештини
Со особена чест и задоволство известуваме дека ученичката Ева Јовановска од СОУ “Таки Даскало” освои четврто место во дисциплината шминка на Националниот натпревар во вештини, кој се одржа во мај 2026 година во Скопје. Ева е ученичка во втора година во струката техничар за козметичка нега и убавина.
Таа успешно го претстави училиштето, покажувајќи високо ниво на креативност, професионалност и практични вештини во областа на шминкањето. Нејзиниот успех е резултат на посветена работа, труд и континуирана подготовка. Таа докажа дека посветеноста, менторството и практичните вештини се клучот кон успешна кариера! 
Подготовките и менторството беа реализирани под водство на професорот Филип Џокоски, чија стручна поддршка и ангажираност придонесоа за постигнатиот успех.
Овој резултат претставува значајно достигнување за ученичката и гордост за училиштето.
Честитки за Ева и ѝ посакуваме многу вакви успеси понатаму.







