СОУ „Таки Даскало“ блесна на МАССУМ 2026 во Богданци

На 23 и 24 април нашите талентирани ученици беа дел од големото Образовно рандеву на МАССУМ 2026, чиј домаќин оваа година беше градот Богданци. Овој настан беше вистинска прослава на младоста, знаењето, натпреварувачкиот дух и пријателството, а особено значаен бидејќи се одбележува 20-годишнината од постоењето на МАССУМ. Нашите ученици гордо ги претставија своите вештини и креативност, враќајќи се дома со голем број признанија кои што ја потврдуваат посветеноста и талентот што се негуваат во нашето училиште.
Еве ги нашите успеси 🎉🎊🎆🎇:
Кариерно портфолио – ВТОРА НАГРАДА 🥈 за Христина Сервини (ментор: Валентина Ацевска)
Најдобра карикатура – ВТОРА НАГРАДА 🥈 за Марија Котевска (ментор: Буба Мешкова Солак)
Најдобар бенд и соло-изведувач – ВТОРА НАГРАДА 🥈 за Мелиса Исова (ментор: Христиан Петковиќ)
Најдобар штанд – ВТОРА НАГРАДА 🥈 за екипата на нашето училиште (Јаков Калајџиевски и Христијан Наумовски и менторите Валентина Маневска, Валентина Богојовска и Христиан Петковиќ)
Учествуваа и:
Мартина Каровска (карикатура, ментор: Буба Мешкова Солак),
Јана Темелкова (поетска творба, ментор: Весна А. Трајковска),
Ана Марија Каранфиловска и Андреј Јошев (драмска претстава, ментор: Валентина Богојовска),
Никола Попчановски (интервју за работа, ментор: Валентина Маневска) и Симона Макриевска и Ана Ноческа (фотографија, ментор Љубица-Мешкова Солак).
Им честитаме на сите ученици кои што со својот труд, енергија и тимска работа го претставија нашето училиште во најдобро светло. Вие сте пример за тоа што може да се постигне со љубов кон уметноста, технологијата и науката.
Честитки до координаторот за практична настава Валентина Маневска за организацијата на овој настан и до Кариерниот центар и сите ментори кои несебично ги водеа нашите ученици низ овој предизвик: Валентина Ацевска, Буба Мешкова Солак, Христиан Петковиќ, Горан Ангелов, Весна А. Трајковска и Валентина Богојовска.
 
Продолжуваме понатаму, инспирирани и мотивирани за нови успеси! 🚀
СОУ „Таки Даскало“ – место каде што талентите стануваат идни успеси! 🌸