Општински натпревар за профилот Техничар за козметичка нега и убавина

На 27.02.2026 година во просториите на СОУ “Таки Даскало” Битола, се одржа општински натпревар за профилот Техничар за козметичка нега и убавина.
Учество зедоа ученички од II и III година од нашето училиште под менторство на проф. Славица Јовевска.
✔️Организатори беа професорите Славица Јовевска, Марија Китаноска Кочовски и Филип Џокоски.
✔️Тема на натпреварот беше “Подготовка на свечен изглед со декоративни елементи и додатоци прилагоден за специјална пригода.”
✔️Цели на натпреварот:
– Развивање на практични знаења и вештини 
– Вреднување на нивоата на стекнатите знаења
– Поттикнување на еколошка свест кај учениците
– Тимска работа и професионално однесување
Најдобрите од овој натпревар ќе учествуваат на регионалниот натпревар во шминкање кој ќе се одржи кон крајот на март во нашето училиште.