Втора награда на конкурс по повод Европскиот ден на правдата
Нашата ученичка Емилија Пејовска од 1-10 клас, под менторство на ликовниот педагог Љубица Мешкова Солак, го освои второто место на републичко ниво на ликовниот конкурс на тема: ,,Да ја доближиме неправдата поблиску до граѓаните и граѓанките”.
Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје повторно одбележa Европскиот ден на правдата во Македонија, овој пат со натпревар за цртежи и есеи, под слоганот „Да ја доближиме правдата до граѓаните“. Со оваа иницијатива ги покани децата и младите од Македонија да размислат за значењето на еднаквиот пристап до правдата за сите, без дискриминација.
Со цел да се одбележат Европскиот ден на правдата и 30-годишнината од членството на Македонија во Совет на Европа, Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, со поддршка на Европската Унија, организираше јавен настан за да ја нагласи важноста на еднаквиот пристап до правдата за сите, промовирајќи човекови права и еднаквост и борбата против омразата и нетолеранцијата. Притоа наградите беа пригодно доделени во Министерството за надворешни работи во присуство на голем број гости, амбасадори и службеници од министерството.
Честитки за Емилија и за професорката Љубица!




