Еколошката секција рециклира

Есента е годишно време препознатливо по богатството на бои и изобилството на плодови кои ни ги дава природата. Некои собираат јаболка, некои грозје, некои костени.
А еколошката секција при СОУ “Таки Даскало” и професорката Флорида Кулевска заедно со дел од ученичките од I-9 клас, техничар за козметичка нега и убавина, Михаела Станковска, Ана Марија Трајковска, Елена Новевска и образовниот асистент Виолета Колевска Атанасоска и ученичката Ивона Мијаковска, не само што се грижат за убавината на телото туку се грижат за чиста околина и собираат поени со кои можат да купуваат маркетите или можат да ги донираат во СОС Детско село. Тие се успешни во селектирањето на отпадот (во домашни услови) и рециклирање на пластичниот отпад и лименките. Користејќи ја апликацијата на Пако Мак рециклираат во вендинг машините кои се поставени во три локации низ градот. Овој пат тоа го направија во маркетот Веро.

Тие ја подигаат свесноста за чист град и хуманост. Можеби нивниот потег е мал, но е важен и значаен и останатите ученици да го следат нивниот пример и да внимаваат каде го фрлаат отпадот.

Ве молиме да не ги уништувате непотребно (со гмечење) пластичните шишиња и лименките и да ги расфрлате по улици, тревници, тротоари или да го оставате под училишните клупи. Секој отпад си има свое место.

Да се грижиме денес за да имаме подобро утре и да не препознаваат како генерација која има мотив, идеја и причина со која ќе се гордее нашето училиште, нашиот град и нашата планета.

До следно рециклирање, побројни.