Нашиот „пенал мајстор“ Мелин Фехми на европското кадетско првенство!

Со голема гордост го претставуваме ученикот Мелин Фехми, од сообраќајната струка, клас III-3, кој се пласира на европското кадетско првенство во ракомет во Србија во 2026 година, како голман на македонската кадетска репрезентација.
 
На квалификациските натпревари против Финска, Грција и Луксембург, Мелин оствари неверојатни 41 одбрана, заради што е наречен „Пенал мајстор“. Неговата посветеност, труд и талент се вистинска инспирација за сите наши ученици.
Му посакуваме многу успех на Европското првенство и да биде гордост за нашето училиште и нашата земја!