Обука Developing and Teaching Academic Writing во Ајова, САД
Во рамките на OPEN Online Professional English Network, програма на Стејт Департментот на САД, Валентина Богојовска, професор по англиски јазик и книжевност во СОУ „Таки Даскало“ Битола, ја заврши обуката насловена Developing and Teaching Academic Writing (DATAW) на Државниот Универзитет на Ајова, САД. Обуката беше поделена на 8 модули чии активности се одвиваа од декември 2023 до март 2024. Таа беше номинирана за учество од страна на Амбасадата на САД во Скопје.
Како учесник на оваа обука, професорката Богојовска стекна вештини за креирање на курсеви за пишување што одговараат на потребите за пишување на нашите ученици. Исто така, опфатени беа и различните пристапи и клучните компоненти на курсевите за академско пишување, стратегии за предавање на вештините за академско пишување во училница каде фокусот е насочен на потребите на учениците, како и важноста и сегментите на процесното пишување. Понатаму, акцент беше ставен и на начините на барање и оценување извори на информации, развивање на аргументи, следење на карактеристиките на различните типови текстови и како да се земат во предвид контекстот, публиката и културата во процесот на пишување. Исто така, беше опфатен и начинот како да се подготви апликација за студирање во Соединетите Американски Држави.
По успешното завршување на курсот, професор Валентина Богојовска стана алумна на Државниот Универзитет на Ајова.
![]()