Panda Labs Junior For Just Transition
Нашето училиште со ученичката Кристина Јованова од четврта година графичка струка и професорката Валентина Ацевска, учествуваа на Регионалната конференција во рамките на проектот “Panda Labs Junior for Just Transition”, која се одржуваше во Охрид од 16 до 18 јуни 2023 година. Преку иновативен образовен пакет кој вклучуваше посветена интерактивна онлајн програма за климатски промени и праведна транзиција, хакатони и онлајн простор за соработка, проектот промовира зелено претприемништво и цели кон создавање одржливи можности за живот во регионите со јаглен. На конференцијата учениците од РС Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија имаа прилика да се запознаат, да ги споделат своите иновативни еколошки бизнис идеи и да ја зајакнат заедницата на младите иноватори.
Младите беа вклучени и во симулации на економско-социјални совети и го споделуваа своето мислење на тркалезни маси, на кои учествуваа и претставници од невладини организации, бизнис секторот, претставници на локалната самоуправа и други релевантни чинители. Нашата ученичка Кристина Јованова беше избрана и за едукатор со видео за климатските промени, кое е поставено на електронска едукативна платформа во рамките на проектот.