Проект "Баухаус"
Овој училишен проект го реализираа архитектонски техничари од III и IV годina во учебната 2023/2024 под менторство на проф. м-р. Билјана Исијанин (Современа архитектура и уметност) и проф. Оливера Георгиевска (стручни предмети од архитектура).
За реализација на проектот е искористена една од старите училишни табли на која е пресликано дело од Пит Мондриан, три полупразни книги со дебели корици (обезбедени од Центар за современи јавни уметности Елементи), кои учениците ги редизајнираа во склоп на темата во облик на арт книги ,скулптура од картон и макета од Gropius House – семејната куќа на Валтер Гропиус, германско – американски архитект и основач на школата Баухаус во Вајмар, пионер на модерната архитектура.
Учениците подетално се запознаа со концептот на авангардната школа за уметност и архитектура Баухаус (1919-1933, Вајмар/ Десау), чија идеологија базира на практична работа во комбинација со разработена теорија, при што посебно внимание е посветено на односот професор – ученик, каде пасивната улога на ученикот како слушател е трансформирана во активен учесник во проектот. Во реализирањето на оваа поставка учениците истовремено истражуваа за создавањето на оваа школа, како и за нивните претставници во областа на архитектурата, сликарството, скулптурата и дизајнот. На тој начин предметот Современа архитектура и уметност и стручните предмети од областа на архитектурата ги поврзавме токму како што беше и една од идеите на оваа школа.






