Втора награда на регионалниот натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта
На регионалниот натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта, одржан во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, нашиот Давид Андреески, ученик во III-2 паралелка, техничар за патен сообраќај, го претставуваше СОУ „Таки Даскало“ и освои второ место. Наставник ментор, професорот по сообраќајни стручни предмети, Драган Марковски.
Честитки и на двајцата.



