Свечена академија по повод Патрониот празник
Со свечена академија и со посебна гордост и достоинство, на 8.05.2026 го одбележавме Патрониот празник на СОУ „Таки Даскало“ Битола.
Во текот на целата недела се реализираа низа активности исполнети со знаење, младешка енергија, талент и инспирација, но најголемо внимание привлече свечената академија што се одржа во кино ,,Манаки”, во бројно присуство на родители, професори, ученици, градоначалникот и претставници од општина Битола, како и од Ректоратот при битолскиот универзитет.
Симбиозата, позитивниот дух и искрената поддршка создадоа посебно доживување и атмосфера што долго ќе се памети. Особен белег на целата свеченост дадоа нашите ученици, кои што со неверојатна посветеност, зрелост и професионалност ја одиграа својата улога. Нивната автентичност, емоција, сценски настап и креативност уште еднаш покажаа дека токму тие се најголемата вредност и препознатливост на СОУ „Таки Даскало“ Битола.
На свечената академија им беа доделени пофалници на сите ученици кои освоија награди на општински, регионални и државни натпревари. Честитки за учениците и нивните ментори и уште поголеми успеси во иднина.
Необичноста, креативноста, емотивноста и професионалноста се синоними за нашето училиште. Па така, уште еднаш се потврди дека СОУ „Таки Даскало“ Битола не е само училиште, туку и место каде што се создаваат вредности, пријателства, идеи и идни генерации, посебни, свои и незаменливи.
Поради тоа СОУ „Таки Даскало“ Битола се наоѓа меѓу првите 25 училишта по успешност во Македонија.
Нека ни е честит патрониот празник!









































