Прво место во националната програма за вештачка интелегенција!

СОУ „Таки Даскало“ се искачи на првото место на национално ниво во програмата за вештачка интелигенција (AI) на Brainster Next College, реализирана во соработка со Министерството за образование и наука.

Голем успех, заслужено признание и уште една потврда за квалитетот на образованието во Битола!

Нашето училиште го запишува своето име на врвот на најуспешните образовни институции во државата, испраќајќи силна порака дека посветеноста, знаењето, тимската работа и визијата се темелите врз кои се гради иднината на современото образование.

Ова извонредно достигнување претставува признание за заедничкиот труд, професионалноста и подготвеноста на училиштето да ги следи современите образовни текови, со посебен акцент на вештачката интелигенција како една од клучните технологии на новото време.

Зад овој историски успех стојат тимската работа и визијата на стручниот тим на училиштето, предводен од директорот Ристо Груевски, како и посветеноста на наставниот кадар кој континуирано работи на професионалниот развој и унапредувањето на  компетенциите.

Две AI-амбасадорки и двајца наставници меѓу најдобрите во државата

Успехот на СОУ „Таки Даскало“ е дополнително збогатен со индивидуалните признанија на неговите наставници, кои со својата работа, знаење и ангажман се вброија меѓу најистакнатите учесници во националната програма.

Професорките Валентина Богојовска и Валентина Ацевска се дел од ТОП 10 AI-амбасадори во Македонија, со што уште еднаш ја потврдија својата посветеност на иновациите и примената на вештачката интелигенција во образованието.

Дополнително признание за квалитетот на наставниот кадар е успехот на професорите Филип Џокоски и Наташа Петревска, кои се најдоа меѓу ТОП 100 наставници во државата.

Овие признанија не се само лични успеси на наградените наставници. Тие се и потврда за образовната визија на училиштето, за вложувањето во знаењето и за стремежот кон создавање современа, иновативна и конкурентна образовна средина.

Свечено признание за знаењето, посветеноста и иновативноста

На 8 Октомври 2026, на свечената церемонија одржана во просториите на Brainster Next College, сертификатите им беа доделени на најуспешните наставници од Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, основачот на Brainster, Петар Ниновски, и директорот Александар Клашниновски.

За СОУ „Таки Даскало“ – Битола, ова признание има особена тежина: првото место на национално ниво е доказ дека училиштето не само што ги следи промените, туку активно учествува во обликувањето на образованието на иднината.

Успех што обединува и инспирира

Да се биде прв меѓу училиштата во државата е чест, но и одговорност. Тоа е поттик за нови достигнувања, уште поголеми вложувања во професионалниот развој и создавање можности учениците да стекнуваат знаења и вештини потребни за предизвиците на дигиталната ера.

Битола денес има уште една причина за гордост!

СОУ „Таки Даскало“ со заслужено признание зазема водечко место на националната образовна сцена и покажува дека со јасна визија, заедничка работа и посветеност кон знаењето, се постигнуваат резултати што оставаат трага.

Честитки за директорот Ристо Грујовски, за Валентина Богојовска, Валентина Ацевска, Филип Џокоски и Наташа Петревска, како и за целиот колектив на СОУ „Таки Даскало“ – Битола!