Лични услуги - активности во 2023/2024 година
Ученичките од втора година од струката техничар за козметичка нега и убавина, нѐ потсетија дека треба да се зголеми свесноста за важноста на општествената одговорност кон лицата кои се сместени во старските домови.
Тие внесоа предновогодишна радост во Домот Софија, каде корисничките уживаа во маникир, педикир, масажа, фарбање и потстрижување.
Ученичките од трета година од струката техничар за козметичка нега и убавина, остварија посета на Високата медицинска школа, каде имаа прилика да видат и да демонстрираат масажни движења. Масажата е важен сегмент на нашата струка


Како резултат на претходно потпишаниот меморандум за соработка, беше организирана посета на ученици од СОУ „Таки Даскало“ во средното медицинско училиште ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Нашите ученици од струката лични услуги заедно со учениците од III година од профилот фармацевтски техничар, изработија гроздова маст за усни и маст за пети по предметот Фармацевтска технологија.



Професорите од струката техничар за козметичка нега и убавина организираа презентација кај средно-стручните и општите гимназиски образовни профили на тема „Исхрана кај адолесценти“. Преку взаемна соработка со угостителско-туристичката струка, беше организиран настан, каде беше одржана презентација на тема „Улогата на мерките на претпазливост и хигиената во угостителството“.
Во рамките на програмата Еразмус+ и програмата BE Green (Биди зелен) учениците од трета и четврта година на струката техничар за козметичка нега и убавина, остварија посета на реномираната компанија Алкалоид АД Скопје на одделот за козметика.
Под водство на искусните инженери – технолози, ученичките се запознаа со тестирањето на конзистентноста на козметичките производи, нивното производство, контролата на квалитет на производите. Исто така, ја посетија и производната линија на влажни марамчиња. Од посетата ученичките се вратија со длабоко врежани впечатоци.
