Учество на саем за вработување

Учениците од СОУ „Таки Даскало“ – Битола учествуваа на Саемот за вработување, практикантство и стипендии на Техничкиот факултет во Битола кој се одржа на 27.03.2024 год.

 

 

 

 

 

 

 

 

Европска недела на мобилност

По повод Европската недела на мобилност (EMW- European Mobility Week), кога во периодот 16-22 септември ширум светот се промовираат целите на одржливиот развој и алтернативните видови на превоз, учениците од сообраќајната струка гостуваа на дводневните манифестации (21 и 22 септември 2023 г.) во организација на УКЛО. Пораката беше: Сите заедно за поголема безбедност во сообраќајот и одржлива мобилност, како дел од широката кампања за формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност кои позитивно влијаат на здравјето на секој жив организам и неговата животна околина.

Посета нa СН Сообраќаен центар

Учениците од четврта година сообраќајна струка, профил техничар за патен сообраќај, под менторство на професорот по сообраќajни стручни предмети Драганчо Маркоски го посетија СН Сообраќајниот центар со цел стекнување на поголемо знаење и вештини од својата област.