Интердисциплинарен час како спој помеѓу визуелни уметности, архитектура и градежништво

На 21 мај 2025 год. во просториите на Младинскиот културен центар во Битола со учениците од градежно-геодетската струка, насока градежни и архитектонски техничари, во пријатен амбиент придружен со пиење чај и зен музика се реализира интердисциплинарен час како спој помеѓу визуелни уметности, архитектура и градежништво што во заднина го користи концептот на зен филозофијата. Преку извлекување на текстови на понудени теми класифицирани како: зен приказни, зен градини, црна и бела боја, камен и делата на јапонскиот архитект Тадао Андо се поттикна дискусија преку која се потенцираше важноста на едноставноста, минималистичкиот пристап и користење на природните елементи во архитектурата, дури и во концептуална смисла како на пример небото во делата на Тадао Андо што беше и тема на серијалот од пет цртежи на ученичката Бојана Петковска поставени во истиот простор, а ќе може да се видат до 26 мај 2025.
Часот беше дел од предметот Современа архитектура и уметност на професорката м-р Билјана Исијанин, а активно присустувуваа учениците: Филип Тодороски, Бојана Петкоска, Кристијан Чагорски, Живкица Камчева, Христијан Ѓоршевски.