Обуки и работилници во учебните 2023/24 и 2024/25 година
ОБУКИ ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ И ПРАКТИКАНСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Во рамките на проектот БАЗА НА ВЕШТИНИ – QR ПРАКСА, кој се реализира во соработка на Здружението QR ОПШТЕСТВО, СОУ „Таки Даскало“ – Битола и Регионалната стопанска комора Битола, се реализираа низа обуки за т.н. „меки вештини“ со кои беа опфатени ученици од втора, трета и четврта година од повеќе струки кои во моментов се дефицитарни на пазарот на трудот.
Обуките ги реализира училишниот психолог во СОУ „Таки Даскало“ м-р Марија Младеновска Димитровска, која ги едуцираше учениците во делот на кариерното советување и насочување, односно како младите луѓеда ги развијат своите не само стручни вештини и компетенции, туку да го креирааат и својот личен и професионален профил на личност, со цел полесно да дојдат до вработување.
– Во рамките на обуките ги едуциравме учениците да научат како да ги развијат меките вештини, да се мотивираат да вршат практикантство и активно да бараат работа, да направат си-ви, како да се претстават на интервју за вработување, да научат да направат SWOT-анализа за себе си и да креираат акционен план со конкретни активности кои би ги презеле со цел да се вработат – истакна Марија Младеновска Димитровска, обучувач.
Во рамките на активностите од проектот беше реализирана и работилница за учениците и наставници од угостителско-туристичката струка во хотел-ресторанот „Читална“, каде учениците изведуваат практична настава, а се одржа и завршна конференција која се одржа во хотел „Милениум“, на која се обрати и директорот Ристо Грујовски, проектниот тим и донаторите Европската Унија, а беа присутни и претставници од Општина Битола и бизнис заедницата. Беше креирана и онлајн платформа т.н. база на вештини, www.baseofskills.org.mk на која учениците креираа свои QR профили, а свои профили во базата имаат и педесетина компании – потенцијални работодавачи од Битола, и која платформа ќе остане по завршувањето на проектот во сопственост на училиштето.

ГРИЖА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Во нашето училиште беше реализираа искуствена работилница од подрачјето „Грижа и унапредување на менталното здравје на учениците“ со примена на проективна техника какo мотив/алатка во креирањето на ликовни продукти и за себе-откривање и самопомош во подобрување на благосостојбата кај адолесцентната личност. Преку интеграција на искуствени методи/проективни техники од психологијата и ликовната уметност – како делотворни и позитивни стемулуси се овозможува: јакнење на визуелната перцепција, особините на личноста, креативноста, асоцијацијата, фантазијата, емоционалните тенденции и чувственото доживување. Учесници во работилницата беа учениците од III 12 (гимназиско образование), Славица Наумовска, училишен психолог и Љубица Мешкова Солак, наставник по ликовна уметност.
ГРИЖА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Врсничка едукација на тема “ Врсничко насилство”
Врсничка едукација како ефикасна алатка за промовирање здраво однесување кај адолесцентите, кoja главно се фокусира на информации за намалување на штети, превенција и рана интервенција во соработка со Youth Association YMCA-Bitola од предлог проектот за “Справување со врсничко насилство” се реализира со учениците од прва и втора година од сообраќајната струка.
Врснички едукатор беше Михаела Деспотовска од трета година гимназиско образование. Одговорни за реализацијата на едукацијата преку интерактивни стратегии како презентација, дискусија и советување беа: Марија Младеновска Димитровска и Славица Наумовска. Врсничката едукација се реализира на 25 декември 2024 година.
ГРИЖА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Психосоцијална едукација на тема: “Образование за човековите права за превенција од детско претстапништво”
Во соработка со AMOS-Центар за човекови права и Младински центар – Битола, се реализира психосоцијална едукација и презентација на тема: “Образование за човековите права за превенција од детско претстапништво” со учениците од прва и втора година од сообраќајната струка. Врснички едукатор беше Матеј Николовски од сообраќајна струка. Одговорни за реализацијата на едукацијата преку интерактивни стратегии како дискусија и советување, беа: Славица Наумовска и Милица Радевска. Психосоцијалната едукација се реализира на 16.12.2024 година.
СОУ ”ТАКИ ДАСКАЛО” ГО ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Психоедукативна и ликовна работилница
3-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, беше одбележан по седми пат, преку реализација на психоедукативна работилница во создавање на ликовни продукти на тема: “Зимски прихазна за сите“. Преку ликовните продукти се стимулираат позитивни идеи на креативност и изразување на позитивните емоции на радост. Во реализацијата на работилницата беа вклучени надарените ученици од ликовната уметност: Андреј Димовски, Михаела Деспотовска, Керимова Џулијана и Николовски Матеј. као и учениците со посебни образовни потешкотии, со сбрзовните асистенти: Марјан Лазаревски, Виолета Атанасоска, Ангела Петковска, Јулијана Јоноска, Билјана Толевска, Елена Михајловска, Марина Ангеловска, Катерина Димитровска и Марија Велевска. Организатори и реализатори на работилницата се: Славица Наумовска, училишен психолог и Марија М. Димитровска, координатор на Инклузивниот тим на училиштето.
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
По повод „Денот на менталното здравје“ кој се одбележува на 10 Октомври низ целиот свет, во СОУ “Таки Даскало” Битола, се одржа психоедукација и искуствена работилница за подигнување на свеста, за важноста и унапредување на менталното здравје, како и препознавање на предизвикувачките симтоми и справување со предизвиците на секојдневните стресори кај адолесцентната поулација. Активностите се реализираа со учениците од IV година на образование и тоа: гимназиско образование и стручно образование од градежно-геодетска струка; училишните психолози: Славица Наумовска, Мирјана Гичевска и Филип Џоковски професор по медицински и фармаколошки стручни предмети.
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО
По повод 7-ми Април, Светскиот ден на здравјето, во рамките на подрачјето “Грижа и унапредување на здравјето на учениците” се организира здравствена едукација на подигнување на свеста за здравјето.

Едукацијата преку презентација и интерактивна дискусија опфати теми од областа на: Дерматологијата, Хигиена и Болести на зависности, за кои учениците од гимназиско и стручно образование – градежно геодетска струка, појавија голем интерес и зедоа активно учество.
Реализатори на едукацијата: Славица Наумовска- училишен психолог, М-р Филип Џоковски дипл. фармацевт и Весна Христовска професор по биологија.
40 AКТИВНОСТИ ЗА 40 ГОДИНИ СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО” – БИТОЛА
Креативна уметничка работилница на тема “ Можности”
Стимулирање на позитивни идеи за креативност и изразување на позитивни емоции на радост и јакнење на графомоторните способности, преку создавање на ликовни продукти кај учениците со посебни образовни потешкоти, поддржувани од нивните образовни асистенти. 
Реализатори на работилницата беа: Славица Наумовска училишен психолог и Марија Јовановска училишен педагог на ден 16.05.2024 година.
40 AКТИВНОСТИ ЗА 40 ГОДИНИ СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО”
Психоедукативна – интерактивна работилница на тема “Когнитивна рефлексија“
Сублимирање на позитини перцепции и когниции за зајакнување на менталната слика за себе и мотивациониот аспект за позитивни поведенија, преку примена на невербална когнитивна техника за спознавање на и проценување на карактеристичните особености- интегрирани во карактерот кои се одразуваат во однесувањето на личноста кон другите луѓе во социјалната средина.
Учесници во работилницата беа учениците од III-12 гимназиско образование – билингвална паралелка. Реализатори на работилница беа: Славица Наумовска училишен психолог и Марија Јовановска училишен педагог на ден 17.05.2024 година.






