Учество на натпревари во 2023/24 година

59 Државен натпревар на младите техничари и природници на Македонија

На 59 Државен натпревар на младите техничари и природници на Македонија – Наука на млади во организација на Народна Техника на Македонија, кој се одржа во ССОУ „Коле Неделковски” – Велес на 13. 05. 2023 година, ученичката Ана Ацевска од билингвалната паралелка III 12, го освои првото место во областа Иновации, под менторство на професор Валентина Ацевска.

Натпревар по физика

На регионалниот натпревар по физика кој се одржа во Ресен на 06. 04. 2024 година, ученичката Аурора Де Ангелис од паралелката I 10, гимназиско образование, освои III награда, додека на државниот натпревар по физика кој се одржа во Скопје освои пофалница. Ментор на ученичката беше Татјана Црнец, наставник по физика.

Натпревари по математика

На 02.02.2024 год. се одржа Општинскиот натпревар по математика на кој учествуваа ученици од гимназиско и стручно образование, а успех постигнаа:

 I година, гимназиско образование:

Аурора Де Ангелис – пофалница, ментор проф. Васка Шалевска

Чагорска Анастасија – пофалница, ментор проф. Валентина Ацевска

Чагорска Ева – пофалница, ментор проф. Валентина Ацевска

 III година, гимназиско образование:

Ана Ацевска – I место, ментор проф. Анета Димовска

На 02.03.2024 год. се одржа 47-от Регионален натпревар по математика за учениците од средно образование на кој под менторство на професор Анета Димовска учествуваше Ана Ацевска ученичка во III година, гимназиско образование која освои трето место и се стекна со право да учествува на Државниот натпревар по математика. Аурора Де Ангелис – ученичка во I година, гимназиско образование под менторство на професор Васка Шалевска освои пофалница, а Анастасија Чагорска и Ева Чагорска ученички во I година, гимназиско образование под менторство на професор Валентина Ацевска успешно се претставија на натпреварот. Им посакуваме уште поголем успех во иднина, а на Ана ѝ посакуваме успех на државниот натпревар по математика.

Наградени ученици од геолошко-рударска и металуршка струка

Попчановски Никола, ученик во I 1 геолошко-рударска и металуршка струка има освоено повеќе од 20 награди за прво, второ и трето место во категорија на хип хоп и street dance во државата и надвор од неа. На 10.12.2023 г. во Суботица освои I награда за hip hop и II награда за street dance, како и I награда за street dance во Куманово на 09.03.2024 г.

Абдурахман Мемедов, ученик во I 1 година геолошко-рударска и металуршка струка, освои II награда во категорија средни училишта на ноќната трка по повод денот на ослободувањето на Битола 4-ти Ноември.

Награди во стрелаштво

Многубројни успеси во различни области на Теодора Христова, ученичка во втора година, графичка струка. Како последни од низата би ги издвоиле:

 – прво место на општинскиот натпревар во стрелаштво,

 – прво место на државно првенство во стрелаштво за средни училишта,

 – прогласување на млад спортист на годината од Здружението за спорт и млади – Битола.

Награди за стрип

Теодора Христова и Михаела Васкоска од II 4, графичка струка, графички уредник-дизајнер, освоија трето место на наградниот конкурс за стрип организиран од Стрип центар на Македонија – Велес, во рамките на проектот со наслов „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. Ученичките работеа под менторство на Миле Атанасоски, наставник по графички стручни предмети.

НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА НАЈДОБРИ УЧЕНИЧКИ КОМПАНИИ ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023

Ние сме тимот на ученичката компанија „Флоратирал“ од СОУ Таки Даскало од Битола, кои се пласиравме на Националниот натпревар за најдобри ученички компании:

1. Петар Илиевски, Истражување и развој

2. Александар Јовановски, Маркетинг

3. Ана Ацевска, Човечки ресурси

4. Христијан Мечкаров, Производство

5. Горазд Димовски, Продажба (генерален менаџер/извршен директор)

Ментор-наставник: Валентина Ацевска

Се сретнавме со предизвикот како да ѝ дадеме втор живот на старата облека и да смислиме ефективни решенија за реупотреба на текстилот.Решивме да делуваме локално во нашиот град со тоа што ќе собираме старата облека и ќе ја рекреираме во нова модерна облека. Текстилот не само што може да се користи еднаш или два пати, туку има многу животи затоа нашата компанија вклучува елементи од моделот на циркуларна економија, и се залага за нула отпад. Го поминавме патот од идеја до реализација, водејќи ја сопствената компанија со реални производи, а при тоа се стекнавме со претприемачки вештини и писменост. Голема благодарност до професорките Анита Стефановска, Живка Ицановска, Ема Ќука и ученичките од текстилниот смер, кои ни помогнаа нашите идеи да се реализираат и да дојдиме до реални производи, кои ги понудивме на пазарот. Благодарност и до професорката Весна Мундишевска-Велјановска за помошта при креацијата на логото и маичките.