Инфраструктурни проекти – 2023

РЕНОВИРАНИ СПОРТСКИТЕ САЛИ, СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ И УЧИЛИШНИОТ ДВОР ВО СОУ “ТАКИ ДАСКАЛО“ 

Во СОУ “Таки Даскало“, реализирани се крупни инфраструктурни проекти, со средства на МОН и на Општина Битола. Со овие капитални инвестиции се реновирани спортските сали, спортските терени и училишниот двор.

Извршена е комплетна реконструкција на фискултурната и гимнастичарската сала, со што учениците добија најсовремени услови за изведување на наставата по спорт и спортски активности. Поставен е најмодерен спортски нелизгав под, заменета е комплетната дограма со современа огноотпорна алуминиумска дограма, заменета е електричната, водоводната и канализационата инсталација, поставено е високо енергетски ефикасно лед осветлување, реновирани се соблекувалните, тоалетите за учениците, направени се и тоалети за лица со инвалидитет, модерни кабинети за професорите по спорт и спортски активности, поставен е систем од акустични панели, како би се елиминирала бучавата при изведување на наставата.

Покрај салите, уредени се и спортските терени и училишниот двор во СОУ “Таки Даскало“. Изградени се терени за футсал, кошаркарско игралиште, одбојкарско игралиште кои се осветлени со рефлектори, што ќе овозможи и ноќно користење на терените, а за поголема безбедност терените се заградени со жичена ограда. Уреден е и училишниот двор, каде се поставени клупи со масички за седење, ѕидни канделабри, паркинг за велосипеди, а целиот простор е поплочен со бехатон плочки и хортикултурно уреден. Отворен е и нов безбедносен влез од страната на Гроздот според сите стандарди и прописи за безбедност.

Реализирани се крупни инвестиции за подобрување на инфраструктурата и за осовременување на условите за работа во училиштето. Проектот за реконструкција на салите е реализиран со средства на Министерството за образование и наука, а спортските терени и училишниот двор се уредени со средства на Општината Битола. Со дополнителни средства од Општината Битола и ЈКП “Нискоградба“, изведена е и обиколна дренажа околу спортските сали, за да се собираат атмосферските води. Со овие големи инфраструктурни проекти, значително се подигна квалитетот на наставата, зашто учениците и наставниците по спорт и спортски активности добија најсовремени услови за изведување на наставата, а со уредувањето на училишниот двор се доби еден прекрасен простор за одмор на учениците и на наставниците. Се разбира не застануваме тука и во наредниот период ќе продолжиме интензивно да работиме на нови проекти