Меѓународната соработка и посета на ученици и професори од III гимназија од Загреб
СОУ „Таки Даскало“ – Битола оствари меѓународна соработка со посета на ученици и професори од III гимназија од Загреб, Р. Хрватска од Еразмус + проект ”The Green Project: Green Actions for Green Future”. Соработката и размена на искуства од областа на еколошкото образование и култура помеѓу двете училишта од градовите Загреб и Битола се реализира по втор пат во нашето училиште. Првата средба е остварена во април 2023 год исто така кај нас. Втората посета се реализира оваа година од 03.02. до 06.02 2025 година.
Во СОУ „Таки Даскало“ континуирано се води грижа за зачувување на животната средина како основен услов за градење на култура за здраво живеење преку бројни еколошки активности, имплементирани во Годишната програма за работа на училиштето и примената на еко стандардите интегрирани во наставните содржини на наставните предмети. Еколошките активности и креативните зелени идеи и одржливи практики кои ги реализира нашето училиште како добри практики, со успех беа имплементирани во календарот за активности коj се реализираше во времето од 03 до 06 февруари преку:
-Посета на еко-час „Обновливи извори на енергија”: Tатјана Црнец професор по физика и учениците од гимназиско образование II -11 паралелка.
-Посета на еко-работилница и изложба „Облека од рециклирани материјали“: Живка Ицановска Танушевска професор по текстилни стручни предмети и ученици од текстилно кожарска струка.
-Посета и презентација на Волонтерскиот клуб кој реализира собирни акции на производи за рециклирање во соработка со ПАКОМАК-друштво за управување со пакување и отпад од пакување: Мирјана Гичевска- училишен психолог и учениците членови на волонтерскиот клуб од гимназиско и стручно образование.
-Теренска посета на училишен двор и презентација “Ние и нашиот училишен двор”: Петар Ѓоргиевски професор по градежни стручни предмети и учениците од IV-6 градежно архитектонска струка и IV-11 гимназиско образование.
-Демонстарација “Изготовка на козметички препарати од органски еко-суровини”, реализатори: Филип Џоковски и Славица Јовевска професори по козметичко-фарамаколошки стручни предмети и учениците од сектор Лични услуги.
Покрај образовните активности во текот на својата посета во Битола, учениците и професорите од III гимназија од Загреб со учениците – домаќини, во организација на Емилија Бунарџовска професор по географија, реализираа и културолошки активности преку посета на културно историски споменици и знаменитости на градот, како и посета на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола и Античкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Во рамките на културолошки активности реализираа и посета на градот Охрид како историски важен културен и туристички центар во Македонија.
Учениците и професорите од Р.Хрватска, на покана на И. Маретиќ (поранешен почесен конзул на Р.Хрватска во Р.Македонија), сегашен претседател на Хрватско-македонското здружение ”М. Марулиќ” во Битола, остварија срдечна средба.
Реализатори на соработката се: директорот на училиштето Ристо Грујовски, координаторот Славица Наумовска, членовите на Еко-одборот на училиштето од редот на наставници: (Тони Видевски, Весна Христовска и Живка Ицановска Танушевска); предметните наставници: Катерина Митревска и Наташа Петровска; стручните соработници: Марија Јовановска, Мирјана Гичевска и Наташа Вучкова; помошниците директори Даниела Митревска и Марија Младеновска Димитровска и благајникот Бојан Штрковски.
Голема благодарност до семејствата на ученицитеа кои беа домаќини на учениците од Р.Хрватска кои со своето срдечно и топло гостољубие ја збогатија оваа соработка и посета: Матеј Николовски од I-2, Андреј Димовски од III-11, Тома Црнец од III-11 и Михаил Марковски од IV -10.
Голема благодарност до НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.
Голема благодарност до учениците од угостителско-туристичка струка од III-8 и IV-7, кои преку своите угостителски вештини и способности придонесоа за пријатен престој и доживување во остварувањето на меѓународната соработка и престој во училиштето.
Голема благодарност до учениците: Александар Јовановски, Христијан Мечкаров од IV- 11, Илина Автаровска и Антонио Трајковски од II-11 гимназиско образование за презентерските способности при проследувањето на зададените активности и содржини преку интерактивна комуникација.
















