Нашите Весна и Марија унапредени во наставник-ментор и стручен соработник-ментор

Со особена чест и задоволство ја објавуваме убавата вест дека нашите колешки Весна Мундишевска Велјановска, наставник по графички стручни предмети и м-р Марија Младеновска Димитровска, стручен соработник психолог, се унапредени во звање наставник-ментор и стручен соработник-ментор.
Ова кариерно напредување претставува значајно признание за нивната долгогодишна посветеност, љубовта, професионалноста, стручноста, континуираниот професионален развој, искуството, вложеноста, знаењето, поддршката и придонесот во развојот и унапредувањето на наставата и за извонредни постигнувања во воспитно-образовниот процес.
Успехот на двете професорки не е случајност, туку е резултат на долгогодишната макотрпна работа, ентузијазам, креативност, енергија и пред сѐ љубов кон работата и претставува потврда за квалитетот на наставниот кадар кој работи во нашето училиште.
Нека ова напредување биде поттик и за натамошни успеси и постигања на извонредни резултати во унапредувањето на образовниот процес.
Од срце им честитаме и им посакуваме уште многу достигнувања.