Му оддаваме почит на нашиот патрон

СОУ “Таки Даскало” на 3 Мај 2026 год. го одбележува својот патронен празник.

Делегација предводена од директорот на училиштето, Ристо Грујовски и претседателот на Училишниот одбор, Сашо Илиевски, со положување цвеќе пред бистата на  Димитар Николовски – Таки Даскало во градскиот парк му оддаде почит на својот патрон.

Вечна му слава на херојот! Неговата херојска смрт претставува залог за генерацијата просветни работници кои ги положија своите животи во името на слободата, правдата и човечноста.

На сите вработени, на сите ученици нека им е честит патрониот празник.