Освоено прво место на регионалниот натпревар во шминкање
На 31.03.2026 година, во просториите на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа регионалниот натпревар по шминка за средни стручни училишта.Организатори и домаќини на натпреварот беа професорите по козметички стручни предмети и учениците од струката Техничар за козметичка нега и убавина од СОУ Таки Даскало Битола, во координација со здружението МАССУМ. Во самата организација учествуваа и координаторот за практична настава во нашето училиште, како и професори и ученици од нашата туристичко-угостителска струка.
На почетокот директорот Ристо Грујовски ги поздрави гостите и на учесниците им посака успех во натпреварот, на кој учествуваа ученички-козметичарки од следните средни училишта:
* СОУ “Таки Даскало” – Битола
* ОЕМУЦ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
* СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп
Се натпреваруваа 12 ученички од трите училишта, кои на ученички-модели ги претставија своите вештини, знаења и креативност преку изработка на свечена шминка.
На државниот натпревар, кој ќе се одржи во Скопје, се пласираа ученичките:
Честитки на нашата Ева и и посакуваме многу успех на државниот натпревар во мај во Скопје.






























