Ученици од нашето училиште дел од настанот "Убавината како став"

“Убавината како став” настан кој се одржа на 11.03.2026 година, во организација на Советот за женско претприемништво на Општина Битола, посветен на промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина. СОУ “Таки Даскало” со своите ученички од струката лични услуги, образовен профил козметичка нега и убавина, и од гимназиското образование, како и психологот Марија Младеновска Димитровска, професорката по козметички стручни предмети Марија Китановска Кочовска и Алисија Колевска, психолог, беа дел од овој прекрасен настан. Нашите креативни ученички имаа можност да го претстават нашето училиште, својата креативност, вештини и убавина, настан на кој не се промовираше само убавината, туку претприемачкиот дух, стилот на жената, нејзината самодоверба и креативна енергија.
На настанот на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, беше истакнато дека убавината не е само изгледот, туку таа е многу повеќе од тоа, таа е стил, самодоверба, креативност, храброст, енергија и инспирација.
“Убавината не е само изглед. Убавината е храброст, креативност и самодоверба, жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности за воспоставување на соработка меѓу бизнис секторот, локалната заедница и образованието” беше истакнато.
Честитки до Советот за женско претприемништво на Општина Битола за идејата и за организацијата на настанот.