Aктивност за учење, настава и обука во Нашице, Хрватска
Од 9 до 13 фебруари 2026 година во Нашице, Хрватска група наставници и ученици од СОУ Таки Даскало Битола учествуваа на т.н активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Единствени и активни“.
Домаќин на оваа активност беше партнерското училиште Srednja skola Isidora Krsnjavoga од Нашице, Хрватска. Овој проект се реализира во рамките на прогрмата Еразмус плус, која е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
На активноста присуствуваа и ученици и наставници од останатите партнерски училишта во проектот, Средно училиште “Христо Ботев”, од Враца, Бугарија, Agrupamento de Escolas de Nisa од Ниса, Португалија, I.I.S.S. “S. Trinchese”, од Мартано, Италија и Trysil videregaaende skole, од Трисил, Норвешка.
Тимот од СОУ Таки Даскало го сочинуваа учениците Тома Црнец, Илијана Најдовска, Аурора Де Ангелис, Јана Темелкова, Симона Николовска и Ана Црнец, како и директорот на нашето училиште, Ристо Грујовски, професорката по информатика Гордана Јордева и училишниот психолог Марија Младеновска Димитровска.
Главна цел на проектот е зголемување на благосостојбата на учениците во училиште преку часови со физичка активност по одредени училишни предмети. Тој се фокусира на употребата на дигитални алатки и технологија во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ја природата на секој предмет. Активноста во Хрватска беше фокусирана на природните науки и физичките активности: предавања, работилници, експериментирање. Потоа стекнување на вештини и методи релевантни во изучувањето на природните науки и воспоставување врски со физички активности за подобрување на вклученоста, интересот и концентрацијата за време на час. Преку различни активности се учеше англиски и се развиваа комуникациски вештини во реални ситуации. Училиштето домаќин за учениците организираше квизови и работилници на темата. Исто така беа организирани екскурзии во кои се посетија градовите Осијек и Загреб.














































































