Таки Даскало беше дел од магијата на германскиот божиќен базар

На 20 Декември пред Офицерскиот дом во Битола во рамките на Зимската приказна за Новата година, се одржа Германскиот божиќен базар во организација на наставниците по германски јазик од основните и средните училишта од општина Битола.
Нашето училиште учествуваше со рачно изработени украси, сувенири, честитки, како и вкусни новогодишни колачи.
Германскиот божиќен базар носи магија од срцето на Европа – дрвени куќички, рачно изработени украси, традиционални германски вкусови и моменти што се паметат.
Браво за нашите вредни ученици и нивните професорки по германски јазик, Македонка Атанасоска и Елена Сотиров.
Погледнете дел од атмосферата.