Нашиот Марио од III 3 стана прв “средношколец милионер”

ЧЕСТИТКИ ЗА МАРИО, STAY BE и „СИСТЕМ 4“!
Победници на првиот „Средношколец милионер“ и освоени 1.000.000 денари!
Нашиот талент Марио Рабаџиевски, од сообраќајна струка на СОУ „Таки Даскало“, и неговиот тим STAY BE блеснаа со својата AI идеја за поддршка на бизниси во туризмот и угостителството.
STAY B e победникот на првото издание на „Средношколец милионер“ – најголемиот натпревар за средношколци во Македонија, а во тимот беа Јован Талевски, Иван Секуловски и Марио Рабаџиевски – средношколци од три битолски средни училишта.
“Stay BE со “Систем 4“ имаат идеја да помагаат на други бизниси од областа на туризмот и угостителството, со фокус на луксузните хотели со ресторани во САД и државите од Европската Унија.
Користат автоматизиран систем со вештачка интелигенција кој наоѓа илјадници ресторани во определена локација, ги аланизира проблемите со кои тој бизнис се соочува, им испраќа порака преку е-пошта за тоа каков проблем имаат, како може да им се помогне со еден од трите системи кои ги нудат (во некои случаеви покрај пораката се испраќа и бесплатна демо верзија од решението на потенцијалниот клиент за да покаже професионалност, посветеност и да се изгради доверба).
Системите се: AI асистент за на веб страната (AI Chat Assistant), AI телефонски агент (AI Phone Callers), или надградување/обновување на веб страната за неколку часа користејќи специјализирани алатки со вештачка интелигенција. Потоа, кога ќе се добие повратна порака, тие веднаш започнуваат да ги градат тие системи, велат од “Stay BE“ за својата победничка идеја.
Покрај главната награда од 1.000.000 денари, победниците добија и понуда од инвеститорите за дополнителна инвестиција од 6.000 евра, како и вредносни ваучери за “Бреинстер НЕКСТ“ и НУ академијата за талентирани средношколци.