Втора награда на државниот натпревар во стрелање
Горди сме на успехот на нашата ученичка Теодора Христова!
На Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, одржано на 28.11.2025 година во новата сала за спортско стрелаштво во Скопје, нашата ученичка Теодора Христоваќ од IV 4 паралелка, од графичката струка, во категоријата средни училишта – девојки, го освои второто место и сребрениот медал!
Овој извонреден резултат е доказ за упорноста, дисциплината и големата посветеност на Теодора која со својата смиреност и прецизност уште еднаш ја потврди традицијата на успешните врвни резултати и бројни награди.
Учеството и големиот успех на нашата Теодора се реализираа со поддршка на Општинскиот сојуз за училиштен спорт – Битола и стрелачкиот клуб „Пелистер“ кои континуирано работат на развој на младите таленти, а секако и со поддршка на професорите по Спорт и спортски активности во училиштето.
Честитки за Теодора за освоеното второ место!
Нејзиниот успех е мотив и инспирација за сите млади спортски надежи во нашето училиште.